Кога се работи за вашата интернет конекција ние повеќе од пет години се грижиме да биде стабилна и брза. ИТМ КОМУНИКАЦИИ ДОО е основана во 2013 година со приватен македонски капитал. Од локален интернет сервис оператор, со само неколку физички клиенти, пораснавме во нешто повеќе и веќе нудиме интернет пристап во области во Скопје и Куманово на голем број физички и правни лица. 

Во наша сопственост е голема и професионална мрежа на повеќе од триесет базни станици и пристапни точки со цел да донесеме квалитетен сервис до нашите корисници. Нашата мрежа константно е мониторирана од страна на технички лица за да се достигне и одржи високиот квалитет што го поседуваме.

ИТМ КОМУНИКАЦИИ поседува сигурна, безжична платформа дизајнирана да им понуди на корисниците брз и стабилен интернет. Ние се фокусираме да донесеме интернет во руралните делови на градовите, со што им даваме на корисниците одлични можности. Нудиме повеќе различни пакети почнувајки од интернет брзини за дома па се до интернет брзини за големи компании.

Нашиот тим е достапен за сите прашања што ги имате како и при решавање на било какви интернет проблеми. Тука сме за вас!

Close Menu